Тренерот на Севиља, Винченцо Монтела, најави борба до крај во четвртфиналето на Лигата на шампионите и покрај поразот на првиот дуел на домашен терен од Баерн (1:2).
– Немавме среќа. Се обидовме да ја покажеме најдобрата игра, но Баерн е многу силен. Во првото полувреме немаа свои минути и добро игравме. Во вториот дел бевме уморни, но нормално е. По паузата ние речиси не го загрозивме нивниот гол. Но, јас сум горд на тимот. И покрај поразот, нема предавање, ќе се бориме до крај. – изјави Монтела.
Севиља менталитет и карактер покажа во реваншот од 1/8 финалето победувајќи го Манчестер Јунајтед со 2-1 на Олд Трафорд. Реваншот е на 11 април во Минхен.
OhridNews