Манчестер Јунајтед ја оствари целта на Санчез Писхуан стадионот ремизирајќи без голови со Севиља мво првиот осминафинален натпревар во Лигата на Шампиони. „Црвените ѓаволи“ играчки потфрлија против Севиља, а благодарание на Давид де Хеа ја сочуваа мрежата празна.
– Обезбедивме добар резултат пред реваншот кој ќе го играме пред нашите гледачи на Олд Трафорд. Одигравме добро во одбрана на чело со Де Геа кој секогаш беше на место. Исто така сакам да ги пофалам Матиќ и МекТомини кои одиграа добар натпревар и Погба кој влезе на местото од Андер Ерера. Во модерниот фудбале не е важно само да играш убаво, туку да имаш и добар резултат, а ние тоа го остваривме. – изјави Жозе Мурињо.
Португалскиот стратег втор меч во серија го изостави Пол Погба од почетниот состав, но францускиот репрезентативец влезе во игра во 16-та минута после повредата на Андер Ерера.
Реванш мечот на Олд Трафорд се игра за нецели две недели.
OhridNews