Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо активно ќе учествува на Мундијалот во Русија како стручен коментатор на „Русија денес“ телевизијата.
За ангажманот кој ќе трае недела дена португалскиот стручњак ќе заработи милион евра. Поради богатата понуда од Русија „специјалниот“ ги одбил „ББЦ“ и „ИТВ“ телевизиите.
Иначе, Мурињо во трофејната своја кариера предводел екипи во неколку националниот шампионати, но никогаш не водел селекција.
Светското првенство во Русија започнува на 14 јуни, а ќе трае до 15 јули. Родната земја на Мурињо, Португалија на Мундијалот ќе учествува како актуелен Европски шампион.
OhridNews