На крилата од Маркус Рашфорд, „црвените ѓаволи“ со 2-1 го совладаа Ливерпул во дербито без рок на траење во англискиот фудбал. Манчестер Јунајтед со триумфот над лутиот ривал ја продолжи позитивната серија во дерби средбите од Премиер лигата и се одлепи на втората позиција на табелата.

– Ние бевме подобри во првото полувреме, а Ливерпул во второто. Нашето полувреме беше поопасно и ние ги искористивме шансите. Заслуживме да победиме, бидејќи ја имавме контролата над играта во текот на целиот натпревар. Ако против Ливерпул имаш голем посед на топката и не постигнуваш погодок, тогаш одма си правиш проблем. Не ме интересираат коментарите од другите што тврдат дека не заслуживме да победиме. Уморот во последните моменти во некои акции си го направи своето, но среќен сум за победа во дербито. – изјави Жозе Мурињо.

Триумфот на Манчестер Јунајтед е одлична најава за реванш дуелот со Севиља во рамките од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. Првиот меч во Шпанија заврши без победник 0-0.

Блесок на Рашфорд за триумф на „ѓаволите“ во дербито на Олд Трафорд (видео)

OhridNews