На Ноу Камп и на Водафон арената ќе се одиграат последните натпревари од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. После овие мечеви ќе бидат комплетирани осумте патници во следната фаза од ЛШ.
Во Барселона, каталонците силите ќе ги одмерат со англискиот шампион Челси. Резултатот (1-1) од првиот меч оди во прилог на домаќините, но Меси и компанија сигурно нема да го бранат голот постигнат во гости. Последната пресметка на Барселона и Челси заврши во корист на англичаните, што го прави овој реванш уште поатрактивен.
Баерн Минхен поголем дел од работата со Бешикташ во 1/8 финалето заврши на домашен терен победувајќи со 5-0. Реваншот на Водафон арената треба биде чиста формалност за „баварците“ кои имаат импозатна серија без пораз по доаѓањето на Јуп Хејнкенс за тренер.
Пласман во 1/4 финалето обезбедија Севиља, Рома, Реал Мадрид, Јувентус, Ливерпул и Манчестер Сити.
OhridNews