На Плаошник се одржа наречение на новиот архиереј Дебарско-кичевски Георгиј
12.07.25 21:51
Во манастирот „Св. Климент Охридски и св. вмч. Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид се одржи наречение на новоизбраниот архиереј Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј.
На Наречението чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со членови на Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. По завршувањето на овој свечен чин следуваше заедничка Воскресна вечерна богослужба, на која началствуваше архимандритот Георгиј.
Хиротонијата и востоличување на новиот митрополит Георгиј, ќе биде утре на Божествена литургија во Катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 8:30 часот.
Светиот архиерејски синод МПЦ-ОА, на својата редовна седница во полн состав, на 12 јуни годинава едногласно го избра архимандритот г. Георгиј (Ѓорѓевски) за митрополит на Дебарско-кичевската епархија, како наследник на блажено упокоениот митрополит Тимотеј.
Отец Георгиј (Ѓоко Ѓоргевски) е поранешен декан на Богословски факултет „Св. Климент Охридски“ и поранешен амбасадор во Ватикан. Замонашен беше на 27 мај, следниот ден, 28 мај избран за јероѓакон, додека на 29 мај за јеромонах.
На 25 ноември, во денот кога го празнуваме споменот на св Јован Милостив и преп Нил Постник и во денот кога се навршуваат две години од упокојувањето на блаженоупокоениот митрополит Тимотеј, во ман...
На денешниот тендер за набавка на електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи во периодот јануари – декември 2027 година, ЕВН Хоме, како Универзален снабдувач со ел...
Општина Охрид објави Јавен повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од општина Охрид з...