Ресторанот „Ботин“ во Мадрид, Шпанија, е основан 1725 година, па и Гинисовата книга на рекорди го призна како најстар ресторан во светот којшто сѐ уште работи. А, една од најуникатните одлики на оваа гостилница е печката, којашто работи постојано, веќе 298 години.

Тоа е нашиот скапоцен камен… На нашата круна!, рече заменик-управителот, Луис Хавиер Санчез, кој работи во ресторанот повеќе од 45 години. – Никогаш не ја исклучуваме. Таа мора да биде жешка навечер и подготвена за печење наутро. Затоа никогаш не смееме да ја исклучиме. Внатре има посебна арома, навистина е неверојатно!

Подеднакво е неверојатно колку ресторанот е посветен на одржување на храната што ја служи. Санчез ја опишува и винската визба како „историја која дише“… Но, храната е она што мора „да го има вкусот на историјата“, при што секој готвач учи од својот претходник, а потоа рецептите ги пренесува на следната генерација.

Нашите рецепти се многу стари, од кога нашите прадедовци го основаа ресторанот. И, оттогаш останавме верни на тие рецепти, додаде тој.

Сепак, ресторанот „Ботин“ не е „целосно заглавен“ во минатото – има и своја интернет-страница, како и сите потребни профили на социјалните мрежи.

OhridNews