Набавена и дадена на користење нова опрема за ЈП Водовод Охрид преку проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“ преку Центарот за развој на Југозападен плански регион, а со Одлука на градоначалникот на Општина Охрид.
Опремата, како што посочуваат од претпријатието, е во вредност од 1.163.200,20 денари.
Набавен е апарат за детекција на дефекти на водоводни цевки: геофон SebaKMT HL-7000 со комплет придружна опрема, електричен ударен чекан – Makita HM1812 со количка за чување и транспорт, како и два режачи за пилинг (припрема за електрофузионо заварување) на полиетиленски цевки и тоа режач за профили ф 63 – 110 мм и режач за профили ф 110 – 500 мм, велат од ЈП Водовод Охрид.
Целта на проектот е подобрување на капацитетите на јавните комунални претпријатија во Југозападниот плански регион преку модернизација и набавка на современа опрема, што ќе придонесе за поефикасно и поквалитетно извршување на услугите кон граѓаните.
OhridNews
















