МВР меѓу пријавените кандидати ќе треба да ги избере најстручните, најкомпетентните и најспособните затоа што како што потенцираат од МВР, да се биде полициски службеник е одговорна работа и затоа се инсиститира на квалитет.
Во конкурсот за прием на работно место „полицаец“ за работа во МВР кандидатите покрај дадените општи услови да е државјанин на Република Македонија, да има завршено најмалку четиригодишно средно образование, да е здравствено и психофизички способно и со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност, треба да имаат телесна висина од најмалку 175 см. за мажи односно 165 см. за жена и висока лична физичка подготвеност.