Во текот на деветтата недела од 2026 година (23.02-01.03.2026), во Македонија се пријавени 767 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 31,1% помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со деветтата недела од минатата сезона е намален за 70,1%.

Заболените лица се пријавени од 22 Центри за јавно здравје: Скопје – 447, Прилеп и Тетово – по 45, Струмица – 39, Штип – 30, а во Гевгелија, Охрид, Куманово, Дебар, Струга, Свети Николе, Гостивар, Радовиш, Пробиштип, Кичево, Битола, Кавадарци, Неготино, Македонски Брод, Велес, Крива Паланка, Валандово, бројот на заболени е помал од 30. Во Демир Хисар, Ресен, Кочани, Берово, Виница, Делчево, Пехчево, Кратово и Крушево нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во 13 ЦЈЗ/ПЕ се бележи сезонска активност, додека во девет единици се бележи многу ниска активност на вирусот на грип. Во Охрид се бележи сезонска активност.

Во однос на возрасната дистрибуција, 430 лица се на возраст од 15-64 години, 110 се деца на возраст од 5-14 години, 104 – деца на возраст од 0-4 години, а 123 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

OhridNews