Фудбалерите на Наполи прокнижија нови три бодови на табелата во италијанската Серија А со лесниот и убедливиот триумф (5-0) над Каљари на „Сардења“ Арената.
Половина час им беа потребни на „азурите“ да го скршат отпорот на домаќините. Патот до мрежата прв го пронајде Хозе Каљехон кој го отвори резултатот. Пред крајот на првиот дел гостите го дуплираа водството (2-0) со голот на Мертенс.
Во второто полувреме избраниците на Маурицио Сари продолжија со напаѓачката игра која им донесе нови три погодоци за убедлива предност. На 3-0 зголеми Хамшик, Инсиње и Мауро Руи.
Наполи има четири бодови предност во однос на второпласираниот Јувентус кој има натпревар помалку.
OhridNews