Самостојната изложба „Наследена носија“ на Мила Добревска ќе биде отворена денес во Охрид, со почеток во 19:00 часот, во Куќата на Робевци, во организација на Галерија Пионери.

Изложбата е инспирирана од традиционалната орнаментика и вез, при што авторката преку современи техники и материјали ги преиспитува основните ликовни елементи. Делата претставуваат спој на наследените вредности и современиот општествен контекст, со акцент на идентитетот и улогата на македонската жена, посочуваат организаторите.

Проектот, додаваат, е наменет и како потсетник за младата генерација на вредностите како добрина, љубов, истрајност и критичка свест, прикажани преку дијалог помеѓу минатото и сегашноста.

OhridNews