Галичица целосно да се пошуми, да не се сечи, да не се оптоварува инфраструктурно, како и со изградба на огромни планинарски домови и спортски центри, порачува независниот екологист и агроном, Лазо Наумоски.

-Галичица да остане како Национален Парк богат со флора и фауна, да биде голем заштитник во опстојувањето на Охридското Езеро со неговата флора и фауна која од 1980 година е под заштита на УНЕСКО. Со пошумувањето, еколошката заштита и оставањето на планината Галичица што поприродна, се создаваат огромни услови за развој на излетничкиот туризам, а опстанокот и загрозеноста на Преспанското Езеро од негово исчезнување, ќе биде само минато. На источниот брег од Охридското Езеро да се подигнат заштитни зони во кои ќе се развиваат, преживуваат и опстојуваат припадниците на езерската флора и фауна и кои заедно со наколните живеалишта претставуваат најпосетени туристички места на Охридското Езеро, вели Наумоски.

Наумоски потенцира дека планината Галичица треба да се пошуми до највисоката нејзина кота и дека со располагањето со огромни шумски зелени појаси ќе се создадат услови сите подземни води, извори и реки кои се дел од планината Галичица, да се влеваат во Охридското Езеро и бидат активни во текот на целата година. Додава дека Галичица како каменлива и варовита планина не дозволува сите води кои се нејзин производ, а се вливаат во Охридското Езеро ,да им се промени нивната „РН“ вредност, односно станат закиселени води. „ Неминовно е овој природен феномен на Галичица да се сочува и што повеќе искористува“, вели Наумоски, а со тоа ќе се заштити и одржува во една стабилна ситуација езерската флора и фауна, односно растителниот и животинскиот свет во самото езеро. „Со што повеќе сливни води во езерото од подземјето на Планината Галичица се ствараат огромни услови за неутрализација на другите води кои се вливаат во езерото од другите места на сливното подрачје на Охридското Езеро со променлива „РН“ вредност, одоносно доаѓа до нивно закиселување“.-додава Наумоски.

Наумоски објаснува дека денес во светот се трошат огромни суми на пари, односно се создаваат природни услови сите води кои се вливаат во природните или вештачките езера, да се пренасочат и го променат своето течение и принудно поминат низ карпести и варовите планини за да ја сочуваат својата „РН“ вредност во неутрална состојба, а со тоа да не дојде до нарушување на флората и фауната во водниот еко систем во кој тие се влеваат.

OhridNews