Навивачите на Олимпик Марсеј претераа со славјето на стадионот и низ улиците во Билбао после победата над Атлетик 2-1 и пласманот во 1/4 финалето во Лигата на Европа со вкупен резултат 5-2.

Симпатизерите на Марсеј кои допатуваа во Шпанија приредија вистински хаос, а во неколку наврати имаа блиски средби со редарите и органите за јавен ред и мир. Две лица биле хоспитализирани поради повреди добиени од пресметка на улица, а едно малолетно девојче било примено со изгореници од удар од бакља на стадионот.

– Во болницата се примени 57-годишник со рана на вратот и млад човек кој има исекотина на раката. Двете рани на пациентите се добиени со убод од нож, но за среќа не се опасни по живот. – изјавија од болницата во Билбао.

УЕФА ќе има полни раце работа да ги расчисти случаите со навивачите на Олимпик Марсеј и лошата организација на шпанскиот клуб, кој дозволил внесување на пиротехнички средства.

OhridNews