Охриѓанецот во редовите Кливленд, Џеди Осман одигра клучна улога во триумфот над Вашингтон 119-115. Осман имаше брилијатна украдена топка во последните моменти од натпреварот кога резултатот беше 117-115 во корист на „коњаницата“ и не дозволи обид на гостите, кој ако го реализираа најмалку ќе обезбедеа продолжение. Потоа, Осман успешно ги реализираше двете слободни фрлања и стави точка на победата со „охридски шмек“ на Кливленд.
Со победата над Вашигтон кошаркарите на Кливленд се зацврстија на третата позиција од вкупната табелата на истокот и најверојатно со Мајами ќе играат во првото коло од плејофот.
OhridNews