Кошаркарите на Денвер ја забележаа третата победа и поведоа 3-2 со Портланд триумфирајќи пред своите гледачи со 124-98 во петтиот натпревар од полуфиналната серија. Идентична предност обезбеди и Торонто, кој на домашен терен ја преслуша Филаделфија (125-89) во полуфиналето на истокот.
„Нагетси“, предводени од брилијатниот Никола Јокиќ го растурија Портланд во буквална смисла на зборот. Домаќините првиот дел го добија со 31-25, а тотална доминација следуваше во вториот и третиот квартал кои им припаднаа со 34-22 односно 28-18. Во решавачкиот, Портланд за нијанса го ублажи поразот, но не избегна катастрофа. Најефикасен во составот на Денвер беше Јокиќ со 25 поени, а додаде уште 19 скокови и шест асистенции. Еден помалку од српскиот кошаркар реализираше Милсап.
Торонто се наоѓа на чекор од пласман во финалето од источната конференција совладувајќи ја Филаделфија со високи 36 поени разлика. „Рептилите“ на гостите не им дозволија ниту едно водство по четвртини и разликата на семафорот е очекувана.
Резултати: Денвер – Портланд 124-98 (3-2), Торонто – Филаделфија 125-89 (3-2)
OhridNews