Францускиот репрезентативец Пол Погба им се приклучил и го одработил целиот тренинг со соиграчите од Манчестер Јунајтед пред заминување за Шпанија, каде ги очекува меч со Севиља во Лигата на Шампиони.
Најскапиот играч на Олд Трафорд го пропушти натпреварот со Хадерсфилд во ФА Купот, а веднаш после тоа се појавија шпекулации дека се скарал со Жозе Мурињо и затоа не бил во комбинација.
Токму португалскиот стручњак отфрли такви случувања во соблекувалната и го најави Французинот за престојниот натпревар со Севиља во ЛШ. Покрај него во комбинација за настап ќе бидат Маркус Рашфод, Андер Ерера, Антонио Валенсија и повратникот во екипата Ерик Баи.
Мечот од 1/8 финалето на Санчез Писхуан стадионот се игра во среда со почеток во 20 часот и 45 минути.
OhridNews