Прекинувањето на соработката помеѓу српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и легендарниот Андре Агаси е топ тема во светската тениска јавност.

Американецот ја обелодени информацијата за „раскинувањето“ на соработката, а причина била непослушноста на Ѓоковиќ. Агаси му сугерирал на српскиот тенисер да го пропушти мастерс турнирот во Мајами на кој учествуваше и изгуби во првата рунда од Беное Пера.

Агаси во стручниот штаб од Ѓоковиќ влезе минатата година пред грем слем турнирот Ролан Гарос, но „љубовта“ кратко траеше. Американецот нема да биде надвор од тенисот долго време, бидејќи многу е веројатно дека ќе се приклучи во стручниот штаб од Александар Ѕверев, кој пак „раскина“ со Хуан Карлос Фереро.

OhridNews