Еден кинез го доживеал најголемиот шок во животот кога силен ветер го кренал на кров од зграда автомобилот кој го возел. Возачот од градот Јанбиан во Кина рекол дека токму кога свртел зад аголот, одненадеж почувствувал како автомобилот лебди во воздухот.


-Пред да сфатам што се случува, заедно со автомобилот се најдов на кровот-раскажува несреќниот кинез. Локалните метеоролози рекле дека тој ден градот го зафатило невообичаено силно невреме, а ветерот достигнал брзина од 31 метар во секунда.