Очекуваме до крајот на годината да биде завршен автопатот Кичево – Охрид, а истиот е скоро при крај, оној заборавен проект од кој сите се имаа откажано и ние како Влада кога бевме избрани решивме да го завршиме, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во поткаст за порталот Курир говорејќи за проектите на Коридор 8.

Веќе 37 км се завршени од кои 34 км се во функција, а очекуваме до крај на годината целиот да биде завршен. Она што преостанува е спојот на потегот од Струга до ГП Ќафасан. Тука имаме одредени предизвици поврзани со заштитата на регионот од страна на УНЕСКО. Ќе разговараме со нив, не дали ќе има решение, туку по која траса ќе оди решението и очекувам во јуни да имаме договори како би го изведиле и тој потег до ГП Ќафасан. А ГП Ќафасан веќе го реконструиравме и во втора фаза ќе работиме на проширување, истакна Николоски.

На траста на овој Коридор, посочи дека има и два аеродроми, истакнувајќи дека Охридскиот првпат се реконструира, реновира и проширува од својата изградба, а уште еден куриозитет е дека до минатата година година беше еден вид дивоградба и првпат е впишан како имот на дражавата.

OhridNews