Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ постави високи услови за да лета од аеродромите во Македонија и не мислам дека тоа е добро решение за нашиот пазар. Ова денеска во изјава за медиумите во Виница го истакна министерот за транспорт Александар Николоски, посочувајќи дека субвенциите кои „Рајанер“ ги побарал по седиште, се за повеќе од два пати повисоки од тие што државата ги дава за аеродромите во Охрид и Скопје.

Александар Николоски – Министер за транспорт и врски. Фото: Анамарија Момироска I Архива Охридњуз

Ние даваме субвенции од 9 евра за Скопскиот аеродром и 12 евра за Охридскиот аеродром, што се едни од повисоките на пазарот и не случајно 28 нови дестинации се отворени од доаѓањето на оваа Влада. „Рајанер“ бара 25 евра субвенции по седиште. Исто така бараат нивните авиони приоритетно да се опслужуваат на аеродромите, да не користат никакви други услови на Охридскиот и Скопскиот аеродром, дури и сопствени скали за патниците имаат во своите авиони и бараат да ги откажаме дел од дестинациите, изјави Николоски.

Г.М.