Во јуни ќе има финален став за најдобрата траса до Ќафасан. Институциите работат на изнаоѓање решение кое ќе биде во согласнот со препораките на УНЕСКО, но и за надминување на низата недоследности во самиот проект.

Дури и да не постоеше заштитата од УНЕСКО, јас мислам дека таа траса е правена во канцеларија, од три причини. Првата е, поминува низ археолошкото наоѓалиште кај што се највредните археолошки наоди најдени во Македонија, почнувајќи со златната маска. Никој нема дозволи да се уништи тоа археолошко наоѓалиште. Второ не е предвидено поврзување со аеродромот. Ние немаме 200 аеродроми во државата, два имаме. Што значи дека кога би се изградило, граѓаните на Струга пак ќе треба да одат од кај Подмоље. И третото, поврзување со Струга не е предвидено во тој проект, затоа што е предвиден како проект на затворен систем со влез и излез. Влезот би бил кај Требеништа, излезот би бил пред Ќафасан. Со вакви маани, јас не можам да влезам во проект кој ќе чини 250 милиони евра и кој ќе значи за некој што ќе се трне од Скопје побрзо да стигне до Ќафасан, а да не поврзи никој овде во регионов, вели Николоски.
Посочи дека тука е и проблемот со УНЕСКО чии забелешките се многу јасни, а тоа е дека влегува во заштитеното подрачје и затоа вели биле направени консулациите во Париз. Додаде дека целта е до граничниот премин Ќафасан да има автопатско решение или решение со експресен пат, но истото не сме да оди надвор од стандардите на УНЕСКО.
Во јуни ќе имаме финален став за најдобра траса. Значи ние не велиме дека нема да градиме, само велиме да видиме по која траса ќе градиме. Едно можно решение е да се оди од кај Подмоље, имајќи предвид дека во моментот има траса оттаму и да се следи таа траса која што секако стига до Ќафасан. Значи до Ќафасан ќе имаме експресен пат или автопат, трошиме 1,6 до 1,8 милијарди евра на Коридор 8 и грешките кои што се направени во моментот, вклучувајќи и на овој потег ќе ги решаваме. Со вториот проект ќе биде поврзана Струга затоа размислуваме за траса од кај Подмоље, додаде Николоски.

При тоа потенцираа дека трасата на Коридор 8 треба да поминува низ Струга, изразувајќи целосна подготвеност за активен ангажман со сите капацитети, во соработка со надлежните институции и стручната јавност, со цел изнаоѓање на оптимално решение кое ќе ги усогласи развојните потреби и стандардите на УНЕСКО.
Н.С.Ј.













