Водечката екипа во Премиер лигата, Манчестер Сити со нов договор и рекордна заработувачка од неверојатни 23 милиони евра по сезона ќе го награди Пеп Гвардиола за досегашната работа на Етихад стадионот.

47-годишниот стратег со новиот договор во Манчестер Сити ќе остане најмалку до јуни 2020 година и ќе стане најплатениот менаџер на сите времиња во светскиот фудбал.

Гвардиола во првата сезона помеѓу „граѓаните“ не освои ниту еден трофеј, а една победа го дели од освојувањето на титулата во Премиер лигата сезонава. Манчестер Сити се пласирше во ТОП 8 во ЛШ, а во првиот меч од 1/4 финалето претрпеа убедлив пораз од Ливерпул 3-0.

Тренерската кариера шпанскиот стручњак ја започна во Б екипата на Барселона. Потоа ја презеде „сениорската“ екипа на каталонците со која стигна до неверојатни успеси. Потоа се пресели во минхенски Баерн, каде се задржа три сезони.

 

OhridNews