Познатиот трговски ланец  „ДОН Примус“ денеска го отвори својот трет маркет кој е лоциран на булеварот „Туристичка“.

-Отварањето на третиот маркет од нашиот ланец на оваа локација следуваше по детална анализа на пазарот и по барање на купувачите. Нашето мото е „Уживајте во купувањето“, што значи дека на потрошувачите им нудиме одлична услуга, квалитетни производи и многу пристапни цени. Исто така на понудата секогаш се трудиме да има атрактивни акции и попусти со кои потрошувачите можат да заштедат, велат од менаџерскиот тим на „ДОН Примус“.

По промената на сопственичката структура во октомври, ребрендираниот трговски ланец „ДОН Примус“, ги отвори маркетите кај поранешниот Мини маркет и на улица „Гоце Делчев“ кај вториот чинар.

Во „ДОН Примус“ маркетите во тек е и голема празнична акција со снижени цени, подароци и многу изненадувања за купувачите. Покрај подарок новогодишен календар, на денешното отварање само во новиот маркет на бул. „Туристичка“ за сметка од над 350 денари купувачите во „ДОН Примус“ добиваат гратис 1 килограм портокали.