Спортскиот арбитражен суд и антидопинг комисијата имаат полни раце работа за време на Зимските олимписки игри (ЗОИ) тестирајќи ги спортистите дали користат супстанции кои се забранети.
После позитивниот примерок на рускиот олимпиец во карлинг Александер Крушелницки, нов спортист кој користел е словенечкиот хокеар Жига Јеглиќ. Примерокот на 29-годишниот хокеар позитивен е на фенотерол.
После објавување на информацијата на Спортскиот арбитражен суд и антидопинг комисијата Јеглиќ остранет е од селекцијата и мора во рок од 24 часови да замине од Пјонгчанг.
Конечната одлука за најновиот случај на позитивен допинг тест ќе биде донесена веднаш после завршување на Зимските олимписки игри.
OhridNews