Земјата домаќин на Мундијалот, Русија доби нова фудбалска лекција. Овој пат на „зборнајата“ час по модорен фудбал и одржа француската репрезентација која славеше со 3-1.
„Триколорите“ на погон од Килијан М`бапе и Пол Погба демонстираа сила и квалитет на дуелот со русите кои пред три дена висок пораз (3-0) претрпеа од Бразил.
М`бапе во 40-та минута после асистенцијата на Погба го отвори резултатот. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед на стартот од вториот дел од слободен удар го дуплираше водството. Малку позитива кај домашниот состав донесе Федор Смолов кој намали на 2-1. Со вториот погодок на мечот М`бапе зголеми на 3-1 и го постави конечниот резултат.
Европскиот вицепрвак се вбројува помеѓу потесните фаворити за тронот на СП, додека русите според резултатите во подготвителните мечеви заостанува од фудбалската елита.
OhridNews