Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со старо-нов тренер ќе ја продолжи натпреварувачката сезона. Ѓоковиќ повторно ќе соработува со Марјан Вајда кој беше во стручниот штаб до минатата сезона.
Ѓоковиќ со старо-новиот тренер веднаш почна да работи и ќе настапи на мастерс турнирот во Монте Карло.
Неодамна српскиот тенисер ја раскина соработката со Андре Агаси и Раредк Штепанек, а Вајда беше најлогично решение, бидејќи нема слободни тренери на сред сезона.
Ѓоковиќ далеку е од правата форма и моментално се наоѓа на 13-та позиција на АТП листата.
OhridNews