Најеминетното клупско натпреварување во Европа и светот, Лигата на Шампиони ќе претрпе некои одредени измени кои ќе почнат да се применуваат од следната сезона.

Највоочлива промена за фудбалските симпатизери ќе бидат термините. Стандардниот термин 20 часот и 45 минути повеќе нема да се користи. УЕФА обезбеди два нови термини во кои ќе се играат и емитуваат натпреварите во ЛШ. Тие се 18 часот и 55 минути и точно 21 часот.

Другите промени во ЛШ одат во прилог на „големите“ лиги кои ќе имаат загарантирани 26 места од 2-те екипи кои се натпреваруваат во фазата по групи. Сигурно по четири свои преставници ќе имаат Англија, Италија, Германија и Шпанија, по два Франција и Русија, а по еден Португалија, Украина, Белгија и Турција.

Доколку во ЛШ победи екипа која обезбедила пласман низ националниот шампионат, земјата добива место плус во Лигата на Европа. Шампионот во ЛЕ ако обезбеди место во ЛШ низ квалификациите, екипа плус во ЛШ ќе добие Франција.

УЕФА донесе одлука ВАР системот да не се користи и следната сезона.

OhridNews