Од понеделник, 15 февруари, па во наредните седум дена на регионалниот MTV канал ќе имате можност да го погледнете најновиот спот од македонскиот бенд „Памперс“, за песната „Свет Без Лимит“.

Македонскиот бенд „Памперс“ доаѓа од Битола. Нивните почетоци датираат од 2003 година. Познати се по својот прогресивен глам рок, но и по бројните експерименти со другите музички стилови како џез, рок и електронска музика.

Зад себе имаат бројни настапи по фестивали во Македонија, но и во регионот, како што се: Таксират, Битола Отворен Град, Мак Фест, Tree Festival во Солун итн. Настапувале и како предгрупа на турнеите од Рибља Чорба, Мизар, Архангел, Супер Хикс и Ласт Експедишн.

На почетокот на оваа година, бендот ја заврши работата на новиот студиски албум со наслов „Oh, Whatever“. Албумот го снимаа во своето студио, а мастерингот го работеше угледниот американски рок продуцент Beau Hill, кој до сега работел со важни музички имиња како, Alice Cooper,  Europe, Gary Moore, Twisted Sister и Chaka Kahn.

„Памперс“ се: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски – Дани (соло гитара и придружен вокал),Марк Пурпос (клавијатури), Ален Туко (танапи) и Александар Буневски (бас гитара).

Премиерата на спотот на MTV,е во  понеделник, 15. февруари, во  20:00 часот! 

Ohridnews