Вториот рекет на светската АТП листа, Рафа Надал го откажа својот настап на турнирот во Акупулко, Мексико во серијата 500.
Надал во последен момент се предомисли и го откажа учеството, иако беше дел од ждрепката и за противник во првата рунда го доби својот сонародник Фелицијано Лопез.
Шпанскиот тенисер шести пат послседнава година се повлекува или откажува настап. Претходно тоа се случи на турнирите во Базел, Париз, Лондон, Бризбејн и на грен слемот Австралија Опен.
Според последниот тренд на Надал организаторите на Индијан Велс и Мајами стравуваат од негово откажување кое би било голем удар за турнирите и навивачите.
OhridNews