НУ Библиотека „Григор Прличев“ го реализираше проектот „Книгата поблиску до старите лица“. Во рамки на активностите била реализирана посета на Геријатриското одделение во рамки на Општа болница Охрид и Здружението на Пензионери од општините Охрид и Дебрца.
Наша цел беше да донираме веќе донирани книги кои ќе им послужат на двете места за формирање на нивни интерни библиотеки. Се сретнавме со началничката на Геронтолошкото одделение при Општа болница Охрид д-р Соња Стурлакова – Димовска и со нејзиниот тим како и со претседателот и секретарот на Здружението на пензионери Васко Маркоски и Стефан Владимиров. Беа тоа прекрасни куси средби од кои сигурно ќе се родат нови соработки, информираат од Библиотеката.
Традиционално, посочуваат, проектот бил заокружен во Библиотеката со средба со дел од членовите на Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид.
Горка Донеска, Љупчо Милкоски и Зора Златева ни подарија грст свои стихови а ние специјално за нив ги презентиравме кусиот филм направен со ВИ за Прличев дело на Бобан Аврамоски од Охрид и документарниот филм „По стапките на Прличев“. На присутните им подаривме донирани книги а продолжени им се за уште една година – бесплатно нивните членски книшки за зајмување книги, додаваат од Библиотеката.
Носител на проектот беше м-р Милчо Јованоски, а соработници Бети Лазеска – Симоноска, Христина Трпеска и Даниела Ристеска.
OhridNews
















