Министерството за труд и социјална политика објави повик за користење на бесплатна услуга  за  одмор и рекреација  на деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош и деца корисници на посебен додаток, родени во период од 1997 до 2002 година  (деца – редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение во учебната 2011/2012 година.)  

Услугата може да се користи во текот на јули и август 2012 година, во траење од 7 дена. Одобрениот термин за користење на услугата не може да се менува, освен доколку постои спреченост поради болест.

Услугата на бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа 6 полни пансиони  (ноќевање со три оброка дневно) и едукативни и забавни активности.

Превозот на децата од одреденото место од страна на надлежниот Центар до одмаралиштето и обратно ќе биде организиран.

Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одмор и рекреација.

OhridNews