Се појавија првите слики од снимањето на „The Expendables 3“ кое започна во Варна, Бугарија. На најновите фотографии може да се забележат сцени со Силвестер Сталоне со оружје и автомобили кои се дел од филмот.

Филмската екипа се уште расте, а во неа се вклучени Арнолд Шварценегер, Харисон Форд, Ронда Роуси, Антонио Бандерас, Мел Гибсон и многу други.

„The Expendables 3“ е во режија на Патрик Хјузи, а во кино-салите ќе може да се погледне од 15-ти август идната година.

OhridNews