Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ и Манчестер Јунајтед се разделија, откако двете страни спогодбено ја раскинаа соработката. 36-годишниот фудбалер најверојатно кариерата ќе ја продолжи во тимот на Лос Анџелес Галакси, кој деновиве треба да го официјализира договорот.

– Убавите нешта секогаш имаат крај, така и мојот престој после две сезони во Манчестер Јунајтед. Сакам да им се заблогадарам на клубот, навивачите, тренерот и на сите кои беа дел изминатите години со мене. Секогаш црвен во душата ! – стои во прошталното писмо на Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот на Олд Трафорд се пресели од ПСЖ и веднаш се наметна како лидер на новиот Манчестер Јунајтед. Најголем успех на Ибрахимовиќ е трофејот во Лигата на Европа, а титули освојуваше уште во Лигата Купот и Супер купот на Англија.

OhridNews