Првото бебе родено во Новата 2016 година во Охрид е машко. Се роди утрово во 9 часот на гинеколошкото одделение при општата болница во Охрид. На свет го донесе мајката Маја Гичевска од Ресен, а породувањето го изврши д-р Охридија Филева со помош на акушерките Злата Гашпаровиќ и Слаѓана Костоска.

-Бебето тежи 3550 грама и долго е 52 сантиметри. Породувањето помина во најдобар ред, а мајката и бебето се чувствуваат добро, информираат од Гинеколошкото одделение.

Mајката и новороденчето во текот на денов ги посети градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, кој на среќното семејство од име на општината  му подари вредносен чек од 10.000 денари.

OhridNews