Од АД Жито Леб Охрид информираат околу работното време на нивните продавници во Охрид и Струга за време на новогодишните и божиќните празници и празникот Водици.
Млечниот ресторан на АД Жито Леб Охрид кај Гимназија на 1- ви јануари ќе работи од 9 до 16 часот,на 6-ти јануари од 5 до 17 часот,на 7- ми јануари од 7 до 13 часот и на 19-ти јануари од 6 до 14 часот.

Исто работно време на овие денови ќе има и млечниот ресторан кај автобуската станица.

Објектот на Жито леб кај пазарот на 1-ви јануари ќе работи од 9 до 16 часот, на 6-ти јануари од 6 до 17 часот,на 7-ми јануари од 7 до 13 часот и на 19-ти јануари од 6 до 14 часот.

Продавницата кај чинарот на 1-ви јануари ќе биде отворена од 9 до 16 часот,на 6-ти јануари од 6 до 17 часот,на 7-ми јануари од 7 до 13 часот и на 19-ти јануари од 7 до 15 часот.

Млечниот ресторан кај Охридати на првиот ден од новата година ќе работи од 9 до 16 часот,на 6-ти јануари од 8 до 15 часот,на 7- ми јануари од 8 до 13 часот и на 19-ти јануари од 8 до 15 часот.

Објектот на АД Жито леб,кај „Нико Нестор“ во Струга на 1-ви јануари ќе работи од 9 до 16 часот,на 6-ти јануари од 6 до 17 часот,на7-ми јануари од 7 до 13 часот и на 19-ти јануари од 6 до 14 часот.

Останатите денови овие продажни места ќе имаат редовно работно време.  

OhridNews