Од денеска 17 март, граѓаните директно можат да летаат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава, а веќе од 29 март се воведува уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано Малпенза (Италија).

Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата. Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации, вели министерot за транспорт Александар Николоски.

Посочува дека и понатаму ќе се работи на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри.

Преку Виз ер, покрај до Милано, според претходните најави од ТАВ Македонија годинава од aеродромот Свети Апостол Павле Охрид ќе има директни летови и до Вроцлав (Полска), а се враќа и рутата до Катовице (Полска).

Летовите од охридскиот аеродром до сите 3 дестинации ќе се одвиваат два пати неделно, до Милано Малпенза стартуваат на 29 март, за Вроцлав на 7 јуни, додека за Катовице на 8 јуни.

Н.С.Ј.