Оваа сезона можеби ќе биде последна за Андрес Иниеста во дресот на Барселона. Капитенот на каталонците отворено зборуваше за својата иднина и рече дека разрешувањето на една дилема ќе одлучи за неговата иднина.
– Се уште ништо немам одлучено. Ако останам, пак ќе давам 200% на мечевите. Причината ако заминам ќе биде затоа што не можам толку да давам за мојот клуб. Таа дилемата околу мојата иднина. – изјави Андрес Иниеста.
33-годишниот фудбалер цела своја кариера ја помина во клубот од Ноу Камп, а следната дестинација ќе биде екипата која не може да се сретне со Барселона.
Низ кариерата фудбалерот за врска освои безброј трофеи со Барселона и Шпанија, а во светот на фудбалот ќе остане запеметен како стрелец на „златниот“ гол за „црвената фурија“ во финалето на СП 2010 година во Јужна Африка против Холандија.
OhridNews