Oтсекот за превенција при СВР Охрид одржа тркалезна маса на тема „Родово базирано насилство и семејно насилство”.

Целта е јакнење на меѓу институционалната соработка во сузбивањето на семејното и родово базирано насилство, поефективна заштита на жртвите, поблиско информирање за појавните почетни форми и манифестации на семејно и родово базирано насилство, механизми за рано пријавување и интервенирање за заштита на ранливите категории, подигање на јавната свест за превенција и заштита од родово базирано насилство и семејно насилство како и јакнење на довербата во институциите на системот, велат од СВР Охрид.
Сите присутни се согласија дека се неопходни почести вакви средби и посилна меѓусекторска соработка, со цел поефикасно справување со еден од најсериозните општествени предизвици – насилството.
Инаку, во периодот јануари-март 2026 година, во СВР Охрид, пријавени се вкупно 18 случаи на семејно насилство додека во истиот период лани, имало 07 пријавени случаи. Оваа година досега, поднесени се 10 кривични пријави против 10 сторители додека во првите три месеци 2025 година, поднесени биле 04 кривични пријави против 04 сторители. Основите по кои се поднесени пријавите се кривичните дела „Телесна повреда“ и “Загрозување на сигурноста“.
OhridNews













