Oдбележaна годишнината од смртта на Благојче Крстаноски
07.04.26 14:40
По повод годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Благојче Крстаноски, делегација на Општина Охрид денеска положи свежо цвеќе на неговото спомен обележје во селото Ливоишта.
Благојче Крстаноски бил македонски бранител и професионален војник во АРМ. Загинал на 7 април 1999 на самата граница од снајперски оган од косовска страна. Тој бил првата жртва на вооружените сили во независна Македонија, чесно и пожртвувано извршувајќи ја својата должност во одбрана на својата татковина.
Благојче Крстаноски е посмртно одликуван со медалот за храброста од претседателите Борис Трајковски и Ѓорге Иванов.
Во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид реализираа посета на Одделот за геријатрија при О...
Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ во соработка со Специјализираната болница за нефрологија и дијализа од Струга во сабота, 21 ноември, организираат едукативна трибина насловена „Да збо...
Охрид во март 2027 година ќе биде домаќин на 30 јубилејно годишно собрание на Европската едриличарска федерација (ЕУРОСАФ) Кандидатурата на Едриличарската федерација на Македонија (ЕФМ) беше едногл...