Одбрани трите најдобри стихови од „Напиши стих – купи кафе“
30.03.26 09:56
Во пресрет на 21 март – Светскиот ден на поезијата НУ Библиотека „Григор Прличев“ по шести пат ја организираше манифестацијата „Напиши стих – купи кафе“.
Од мноштвото напишани стихови во кафетеријата Nocciolino во Охрид мол нашата Комисија во состав: Мариче Боздоганова, Бети Лазеска – Симоноска, Весна Симоноска и Елизабета Бојчевска одбра три – рамноправно наградени песни: „За мајка ми“ шифра: ТУФИ , „Поетска дружба“ шифра: Кафе и „Поетско кафе„ шифра: Локумче, информираат од Библиотеката.
Авторите на песните треба да се јават во НУ Библиотека да го потврдат своето авторство и откако ќе бидат познати нивните имиња, Библиотеката во посебна пригода ќе им врачи благодарници за учество, книги и по еден ваучер од по 1000 денари од спонзорот Офис Плус и нивната продавница во Охрид мол, посочуваат.
Во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид реализираа посета на Одделот за геријатрија при О...
Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ во соработка со Специјализираната болница за нефрологија и дијализа од Струга во сабота, 21 ноември, организираат едукативна трибина насловена „Да збо...
Завршена е постапката за избор на проектант којшто ќе го изработи проектот со целокупната техничка документација за затворање на нестандардната депонија во Буково Воедно, течат активностите и за пр...