Во пресрет на големиот христијански празник Велигден НУ Библиотека „Григор Прличев“ во соработка со Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид ја организираше традиционалната креативна работилница за изработка на Велигденски честитки.
Годинава домаќини беа учениците и наставничката Виолета Петкоска од ООУ „Кочо Рацин“. Елена Обухова од почесниот конзулат на учениците им објасни како се слави Велигден и обичаите во нејзината родна Русија, велат од Библиотеката.
Учениците честитките ги изработиле заедно со вработените од Библиотеката, Елизабета Бојчевска, Никола Ристовски, Весна Симоноска и Даниела Ристеска, а истите ќе бидат поделени на читателите на пултот за зајмување на книги.
OhridNews


















