Музичка соба уредена и опремена по највисоките европски стандарди денес се отвори во просториите на Младинскиот Центар во поранешната охридска касарна.

Проектот е на Општина Охрид која застанува позади целосната финансиска конструкција. Ова катче бесплатно ќе можат да го користат сите музичари од градов.

Ново музичко катче денеска официјално доби Охрид. „Музичката соба“ вредна 639, 663.00 денари е целосно уредена и опремена со средства од буџетот на Општина Охрид. Целта на проект е олеснување на работата на сите музичари. Секој естраден уметник, како единка или група односно бенд бесплатно ќе вежба музицирање, свирење на инструменти, креирање на нови композиции без притоа да прави бучава и да им смета на членовите од потесното семејство или соседите. Најважно од се е што користењето на собата ќе биде бесплатно. Таа е звучно изолирана, уредена и опремена по највсоки светски стандарди, рече градоначалникот Кирил Пецаков.

Во музичката соба има: 18 канална дигитална миксета, неколку видови најсовремени активни звучници – сателити, микрофони, сталки за микрофони, кондензаторски студиски микрофон, студиски слушалки, интерфејс за снимање звук, пренослив и фиксирачки акустичен штит за микрофонско снимање.

Сместена е целата опрема што е потребна за свирење тапани (Потпорен сталак за тапани, држач за чинели, двојна бас-педала за тапани, подлога за вежбање на тапани, дизајнирана за тивко вежбање на тапани, тапанарска столица). Има и комплетен почетнички сет за свирење бас гитара ( Бас гитара, мало појачало, футрола, каиш, кабел и штимер), микрофонски кабли, професионален двоен безжичен микрофонски систем дизајниран за стабилен пренос на звук, клавијатура, пренослива заштитна торба за дигитален миксерблутут и звучници. Во делот на опремата се вбројува и најсовремена камера и останата опрема за снимање. За изолација на собата се употренеби сунѓерни панели, подлоги за под, Backdrop завеса, дрвени панели.

Како локална власт непречено и континуирано работме во градење, уредување и разубавување на Охрид. Одамна сме покажале дека во рамки на своите надлежности максимално се вложуваме во развој на спортот и културата, а од денес својот придонес го насочуваме и кон музиката како важна културна гранка- подвлече Пецаков.

Музичката соба е единствена од ваков тип во државава.

OhridNews