Охрид домаќи на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати на кој се присутни претставници на релевантните лаборатории во нафтената индустрија во регионот, на министерствата за енергетика, регулаторните комисии, државните инспекторати, како и други релевантни институции и компании.

Симпозиумот претставува значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења и современи практики во областа на контролата на квалитет, лабораториските анализи, регулативата и безбедноста во нафтената индустрија.

Пред присутните се обрати генералниот  директор на ОКТА АД Скопје, Димитриос Пасхос, кој истакна дека квалитетот претставува фундаментална одговорност во компанијата и е основа за довербата на потрошувачите, за заштита на пазарот, но и за обезбедување фер и транспарентна конкуренција.

Токму затоа, посебен акцент ставаме на усогласувањето со европските стандарди, како и на континуирани инвестиции во нашите лаборатории и развојот на конструктивна соработка со акредитирани лаборатории и надлежни институции. Квалитетот не може да се гради поединечно и изолирано, туку преку координација, конзистентност и меѓусебна доверба меѓу сите институции и партнери. Затоа Форумите како овој имаат исклучително значење. Тие овозможуваат практична размена на технички знаења и регионални искуства, особено во време кога стандардите и енергетските производи постојано се развиваат и унапредуваат, рече Пасхос.

Преку видео-порака се обрати и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, која истакна дека се работи и на модернизација на правилникот за квалитет на горивата, се со цел усогласувење со европските стандарди и воспоставување поефикасни процедури за контрола и мониторинг во пракса.

Квалитетот на горивата е прашање на доверба на граѓаните, фер конкуренција, заштитата на животната средина и сигурност за потрошувачите. Заота е важно како се менува енергетскиот сектор да се менуваат и регулаторните и мониторинг механизмите, рече таа, истакнувајќи ја тука и важноста на лабораторииите, дотоклу повеќе што нивната акредитација и техничка доверливост се темел на кредибилен систем, што само оди во пролог на важноста на собирите како овој во Охрид.

Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков истакна дека е особено горд што Охрид е домаќин на европската елита во една од најважните економски дејности.

Импресивен е бројот на учесници и изборот на темите на овој конгрес и гордо можам да кажам дека деновиве Охрид е домаќин на европската елита којашто е дел од битната стопанска дејност за снабдување со нафта. Тема која кај секој од нас побудува интерес. Верувам дека бизнис заедницата што денес е тука во нашиот прекрасен Охрид ќе ги презентира најновите достигнувања во оваа област, додаде Пецаков.

На настанот учествуваат претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и други. Во рамки на работниот дел ќе бидат одржани стручни презентации и дискусии.

OhridNews