Охрид за продолжениот празничен викенд по повод големиот христијански празник Велигден е исполнет со гости. Најбројни се домашните туристи, како и гостите од регионот кои Велигден ќе го дочекаат во Балканскиот Ерусалим.
Во центарот на градот е раздвижено, а духовните храмови на Македонската православна црква – Охридска архиепископија се исполнети со посетители.
Според најавите од хотелиерите долж Охридската ривиера поголема исполнетост има на помалите хотелски капацитети, за разлика од поголемите, како и голема исполнетост на приватните сместувачки капацитети.
Во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден, во сите поголеми цркви во Охрид и околината се одржуваат богослужби. Централната велигденска богослужба ќе започне вечерва во 23:30 часот во храмот „Свети Пантелејмон“ на Плаошник, со која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски г.г. Георгиј.
Во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид реализираа посета на Одделот за геријатрија при О...
Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ во соработка со Специјализираната болница за нефрологија и дијализа од Струга во сабота, 21 ноември, организираат едукативна трибина насловена „Да збо...
Охрид во март 2027 година ќе биде домаќин на 30 јубилејно годишно собрание на Европската едриличарска федерација (ЕУРОСАФ) Кандидатурата на Едриличарската федерација на Македонија (ЕФМ) беше едногл...