Охрид Лихнидос ја совлада струмичка Беласица со 2:1 во натпреварот од 12. коло во Втората македонска фудбалска лига и ја задржа лидерската позиција на табелата.

 

Охриѓани поведоа со автоголот на Милушев во 37. минута, а Марко Мирчески во 58. минута ја зголеми предноста на 2:0. Конечните 2:1 ги постави Стојанов во 86. минута.

Во останатите натпревари беа постигнати следните резултати: Пелистер – Тетекс 3:1, Македонија ЃП – Детонит 2:0, Работнички – Новаци 4:1, Шкупи – Осогово 0:2 и Брера Струмица – Кожуф 0:1. Утре се игра уште натпреварот Камењане – Еуромилк.

На врвот на табелата е Охрид со 31 бод, пред Пелистер со 28 и Работнички со 27 бодови.

Во последното коло од есенскиот дел охриѓани ги очекува гостување во Кочани против Осогово. Со победа Охрид Лихнидос ќе има можност да ја потврди лидерската позиција и да ја заврши есенската полусезона како есенски првак.

OhridNews