Во духот на најголемиот христијански празник Велигден Охрид е празнично урасен. Градот пулсира во празнична атмосфера, исполнета со топлина, светлина и убавина, која го најавува доаѓањето на деновите на верата, надежта и љубовта.

Овие внимателно уредени празнични декорации претставуваат вистинска радост за најмладите охриѓанчиња, кои со восхит и детска насмевка ги доживуваат боите и симболите на празникот, но и за бројните посетители и туристи кои деновиве престојуваат во нашиот бисерен град. Охрид со отворено срце ги пречекува велигденските денови, подготвен да ја сподели празничната магија со сите свои граѓани и гости, во духот на заедништвото, традицијата и љубовта, велат од Општина Охрид.
OhridNews
















