Ноќ пред Нова година Охрид пулсира во ритамот на забавата. Кафулињата и рестораните вечерва беа полни со гости, а според најавите и резервациите така ќе биде и за новогодишните празници.
Одлична претпразнична атмосфера имаше во лаунџ бар „НОА“, каде вечерва настапија Емилија Маринова, Горан Папаз и Филип Стојкоски – Зизи со нивниот „SMILE, LOVE, DANCE PROJECT“.
За дочекот на Новата година во поатрактивните охридски кафулиња, клубови и ресторани места речиси и да нема, а солиден е интересот за прослава и во хотелите.
OhridNews