Во април 2026 година Охрид го посетиле 28 510 туристи од кои 20 523 странски и 7 987 домашни, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Од странските најбројни биле гостите од Германија – 3 457, по што следат туристите од Србија –2 828, Франција – 1 930 и Турција – 1990. Бројот на ноќевањата во април 2026 година изнесува 50 080, од кои 15 326 се од домашните туристи, а 34 754 од странските туристи, посочуваат од ДЗС.
Споредбено со 2025 и 2024 година се бележи зголемување имајќи предвид дека бројот на туристи во Охрид во април 2025 изнесувал вкупно 27 920, додека во април 2024 година – 22 929.
OhridNews













