Младата оперска дива од Охрид Миланка Новеска години наназад ги освојува сцените во и надвор од државата. Љубовта кон музиката кај неа се раѓа многу рано, а истата ја негува, развива и надградува со упорност, амбиција, истрајност, но и поддршка од клучни личности и семејството. И покрај тоа што живее во Шведска, ја користи секоја прилика меѓу работните обврски да дојде во родниот Охрид. Во полето на уметноста чувствува позитивен напредок кога станува збор за статусот на жената.

Новеска: Интересот за операта кај мене се јавува на петгодишна возраст кога почнав да слушам изведби на цедињата кои мајка ми ми ги носеше откако примети дека ми се допаѓа да ги слушам. Потоа почнав да ги имитирам и пеам со музиката. Имав неверојатна среќа да ме слушне примадоната на Македонската Опера, Милка Ефтимова која подоцна ме советуваше и ме зеде под нејзино крило.
ON: Како се одвиваше процесот на едукација и професионално усовршување? Од кого ја имавте најголемата поддршка низ тој пат?
Новеска: Имам дупли мастерски студии по оперско пеење во Националниот Универзитет за музика во Букурешт како и Одделот за Опера во Уметничкиот факултет во Стокхолм.
Поддршка од мали нозе како што спомнав имав од Милка Ефтимова како и Борис Трајанов, Зоран Џорлев, Александар Џамбазов, Јасминка Чакар и други клучни луѓе за мојот развиток. Исто неверојатна поддршка од секогаш сум имала од медиумите, а посебно од медиумите и граѓаните во мојот роден град Охрид.

Новеска: Некои од сцените кои би ги издвоила се Националната Опера во Букурешт, главната сцена на Комичната Оперска Куќа во Букурешт ОЧЧ, Филхармонијата во Букурешт, Театарот Дротнингхолм во Стокхолм, Културниот Центар во Крит, Театарот Домма во Рим, Театарот Делпи во Берлин, Филхармонијата во Стокхолм, Бервалдхален во Стокхолм, Градското собрание во Стокхолм и други.

Новеска: Многу е тешко да се издвои затоа што јас навистина кон сите проекти и достигнувања настапувам со ист принцип, подготовка, и размислување, но, можеби би ги издвоила дебутот како Тизбе во Ла Ченерентола Росини и дебутот како Росина во Севилскиот Берберин. Благодарна сум и на многубројните стипендии и поддршка, а посебно драга ми е Св. Климентовата Повелба на град Охрид.
ON: На што се должи успехот кој го имате постигнато професионално и ваш совет до младите?
Новеска: Би рекла дека успехот се должи најмногу на упорноста, амбицијата да бидам подобра на секој следен проект и секој концерт како и поддршката од фамилијата и клучните личности.
Совет кон младите, да не се откажуваат кога ќе пронајдат поле кое ги исполнува и фасцинира затоа што само така ќе можат да го дадат својот максимум и ќе можат да продолжат да напредуваат и покрај потешкотиите со кои ќе се соочуваат.

Новеска: Имам големи амбиции за напредок и секогаш се стремам на развиток како и технички така и стилски и актерски. Следи повторен настап како Марија Магдалена во продукцијата на мјузиклот Исус Христос Суперѕвезда и редовни концерти со Кралската Филхармонија и Ерик Ериксонс.
ON: Со оглед дека живеете во Шведска со вашиот сопруг кој исто така е музичар, колку ви фали родниот град, семејството пријателите, колку често доаѓате во Охрид?
Новеска: Семејството и пријателите од Охрид секогаш ги имам со себе и се обидувам најмногу што можам да ја одржувам комуникација како и редовно да известувам за моите активности. Заради работата и проектите доаѓам поретко, но, тоа го правам во секоја можна прилика.
ON: Како го поминување слободното време?
Новеска: Моето хоби е тренирање карате како и танцување, а мојата фамилија и моите пријатели ми се приоритет така што секогаш се обидувам да најдам доволно време за дружба помеѓу и во времетраење на проектите.

Новеска: Ме радува тоа што општеството ја уважува жената сега повеќе од секогаш и постои многу поголема заштита на правата на работните места. Јас како жена работник во Шведска и интернационално во полето на уметноста чувствувам позитивен напредок. Да ни е честит 8 Март.
Н.С.Ј.












